logo
logo
logo

Мицкоски: Не е точнo дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сложно го донесоа законот за легализација на дивоградби

Vecer | 14.05.2021

Мицкоски: Не е точнo дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сложно го донесоа законот за легализација на дивоградби


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на општина Битола во изјава за медиумите кажа дека не се сложува оти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сложно го донеле законот за легализација на дивоградби.

„Тоа беше закон за кој што разговаравме со Зоран Заев уште на онаа тет-а-тет средба, нели тоа беше еден од оние закони за кои што опозицијата беше обвинета од страна на власта дека ги кочи така што не би се согласил со тврдењето дека сложно го донесовме“, кажа Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој обвини дека има неколку, како што рече, естрадни политичари во парламентот, кои настапиле со тезата дека опозицијата и власта заеднички го донеле законот.

„Се чудам зошто тие естрадни политичари не поднесоа неколку илјадници амандмани да го блокираат овој закон ако не се сложуваат, има и таква можност пратеникот во парламентот преку филибастеринг да блокира определени законски решенија ако види дека неговото право да го аргументира со амандмани и да интервенира му е ускратено“, потенцираше Мицкоски.

Во врска со информацијата дека претседателот Пендаровски не го потпишал законот за легализација на дивоградби, лидерот на опозициската партија рече дека право на претседателот е тоа да не го стори, но дека во минатото ставил потписи на многу поштетни закони како за економијата, така за граѓаните и за националните интереси.

„Потпишаа во минатото многу, многу поштетни закони и за економијата и за граѓаните, но и за националните интереси, така што ве упатувам еве да го прашате претседателот Пендаровски што го мотивирало да се одлучи на овој чекор“, истакна Мицкоски.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk