Мицкоски на средбата со Меј: Во Македонија се живее сè полошо

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средба со британската премиерка Тереза Меј во Скопје разговараа за актуелната политичка и општествена ситуација во државава, можностите за соработка и стратешките приоритети на државата.

Како што соопштија од партијата, Мицкоски истакнал дека државата е со влошена економска состојба, а граѓаните живеат сè потешко.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека Владата демонстрира недостиг на демократски капацитет, но и нетранспарентност во однос на најчувствителното прашање, спорот со името. Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за отворени и поинтензивни односи со Велика Британија базирани на пријателство и меѓусебно разбирање“, се вели во соопштението.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари