Во македонското Собрание денеска се одржа средба помеѓу претседателите на партиите ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски и Алијанса на Албанците Зијадин Села, брифираат од партијата.
На средбата се разговарало за анализа на изборните резултати од првиот изборен круг и била реафирмирана соработката и меѓусебната поддршка во средините каде има потреба за тоа во вториот изборен круг.
На средбата било посочено дека потребни се промени, и нова иднина која ја очекуваат граѓаните.