logo
logo
logo

Мицкоски на средба со ММФ -Тешка економска состојба, растечка корупција и отсуство на реформи за подобар живот е сликата за Македонија

Vecer | 06.06.2023

Мицкоски на средба со ММФ -Тешка економска состојба, растечка корупција и отсуство на реформи за подобар живот е сликата за Македонија

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски со потпретседателката Гордана Димитриеска-Кочоска, и членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Маја Кадиевска-Војновиќ и проф. д-р Трајко Славевски оствари средба со Жак Миниан, шеф на мисијата на ММФ за Македонија и Стефани Ебле, регионален претставник за Западен Балкан.

На средбата беше потенцирано дека Македонија има тешка економска состојба, растечка корупција и отсуство на реформи за подобар живот.

Ковачевски ниту има тим, ниту концепт како, и  наместо напредок, Македонија со години стагнира, и инфлацијата во изминатите години беше една од највисоките во Европа, истакна на средбата претседателот Христијан Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека македонската економија треба да се отвори за инвестиции и соработка со релевантните меѓународни институции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk