Мицкоски на средба со делегација од Европската народна партија

Вчера, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Александар Николоски, потпретседател на партијата и Тимчо Муцунски, оствариле средба со делегацијата на групата на Европската народна партија во Европскиот Парламент, составена од европратениците Андреј Ковачев, Алјоз Петерле и Туне Келам.

„На средбата со европарламентарците, Мицкоски ги нагласи стратешките заложби на ВМРО-ДПМНЕ за побрза интеграција на Македонија во Европската унија. Во тој контекст, Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да дава импулс во реформските процес насочени кон реализацијата на таа стратешка цел. Мицкоски ги информираше соговорниците за актуелната политичка состојба во Македонија, пришто нагласи дека веќе подолг период се спроведува терор врз поединци заради различен политички став, но и врз целокупниот политички систем преку игонрирање на уставни, законски и деловнички норми во работењето како на законодавната, така и на извршната власт“, соопшти Центарот за комуникации на партијата.

Соговорниците дискутирале и за соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Европската народна партија, што ја оценуваат како одлична.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари