logo
logo
logo

Мицкоски: Мојот став за уставни измени е јасен, а Ковачевски нека каже кој е ставот на Груевски

Vecer | 24.03.2023

Мицкоски: Мојот став за уставни измени е јасен, а Ковачевски нека каже кој е ставот на Груевски

„Мојот став е јасен, кажан во јавноста, повторен и непроменлив итн. А, што се однесува за ставот на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски можеби Ковачевски може повеќе да ви каже. Ако знае деталите нека ги сподели со јавноста. Добро е да го прашате еве на следната средба со него да го прашате кој е ставот кој што тој го знае, а јавноста не го знае, ниту пак јас, ниту претпоставувам граѓаните овде“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски од Илинден во врска со уставните измени.

Мицкоски додаде дека неговиот став е јасно кажан, артикулиран и е непроменлив.

„Мојот став јасно е кажан, артикулиран и е непроменлив“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk