Овие три години од  1 Јануари 2018-та година до  31 декември 2020-та година БДП производ  во Македонија е пораснат за 700 милиони евра, јавниот долг пораснал за една милијарда и 700 милиони евра, една милијарда фали, ја нема,  изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „360 степени“ на Алсат М.

Мицкоски посочува дека власта континуирано се задолжува додека видливи разултати од тие задолжувања нема и нема додадена вредност туку напротив јавниот долг континуирано расте.

Правејќи споредба со кризата во 2007 година, Мицкоски вели дека тогаш БДП пораснал за 4,3 милијарди евра, а дека долгот пораснал за само 2,9 милијарди при што имало додадена вредност од 1,3 милијарди за разлика од сега кога БДП е пораснат за 700 милиони евра додека јавниот долг пораснал за милијарда и 700 милиони евра.

– Видете еве споредете ги сите држави во светот вие можете да позајмите една милијарда и 700 милиони и тие да ги деноминирате со инфлацијата ако ги вратите назад и ќе бидат милијарда и 500. Еве да речеме, бидејќи е тешка година, но не можат да бидат 700 милиони. Еве две тешки години имаше, и 2009-тата и 2012-тата, во еден друг период. Еве да го анализираме периодот 01.01.2007 до 31.12.2016, БДП пораснал за 4,3 милијарди, а долгот пораснал за само за 2,9 милијарди, нели безмилосно се трошеа парите, а имаме додадена вредност од 1,3 милијарди, потенцира Мицкоски.

Мицкоски прашува зошто тогаш СДСМ јавно зборуваше дека безмилосно се трошеле парите, дека оделе во непродуктивни трошења, еве го гледаме градоначалникот како на едно друго интервју кажува дека ќе биде во улога на Талибанец ќе рушел во Скопје со чеканот итн.

– Но, тогаш имаме раст на БДП од 1,3 милијарди. Сега имаме одземен БДП од една милијарда, тоа е проблемот, тоа е суштината, заврши Мицкоски.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење