logo
logo
logo

Мицкоски: Македонските планини се МОЕТО ОМИЛЕНО МЕСТО

Vecer | 26.06.2021

Мицкоски: Македонските планини се МОЕТО ОМИЛЕНО МЕСТО

Моето омилено место се македонските планини, таму сум свој на своето. Кога сум надвор од семејството, пријателите и немам професионални обврски, кога сум на планина сум свој на своето, посебно сега во овој период кога беше пролет и она би рекол рана есен, оној период на крајот од септември , почетокот на октомври, но и оној период мај, почетокот на јуни месец македонските планини се преубави, во две различни бои, сега се прекрасно зелени, тогаш се прекрасно жолти, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, П во „Опуштено“

Тој во текот на своето гостување посочи дека на планина сите се другари и речиси секој ден го искачува скопско Водно.

-И на планината сме сите другари и таму кога ќе се сретнеме сме сите другари.Еве откако се повратив од ковидот, откако веќе застанав здраво на нозе сум речиси секој ден на скопско Водно. Пред некоја недела бев и на Скопска Црна Гора. Нема некоја во Македонија позахтевна планина, еве можеби Кораб е позахтевна да се качи, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk