Мицкоски: Македонија ја снајде цунами „Заев“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Струмица порача дека Македонија е единствената држава во Европа каде што економијата во 2017-тата година е во стагнација.

„Не можеме да кажеме раст, велиме во стагнација бидејќи е 0%. Бев во Унгарија, седнав со премиерот Орбан вели дека е 5% економијата на Унгарија во пораст. Бев во Бугарија вели 4%. Во Америка се фалат дека нема подобра година за американската економија во 2017-тата година. Германците од кабинетот на Меркел не посетија викаат имаме суфицит 32 милијарди евра, не знаеме што да правиме фантастична година. Само ние веднеме глава, се срамиме, гледаме надолу. Ние знаеме што нè снашло, нè снашло цунами ‘Заев’, ама не знаат они што нè снашло. Значи имаме една катастрофална ситуација ветуваа 5% раст, обезбедија 0%, 0% катастрофална ситуација во економијата“, рече Мицкоски.

И не го зборувам ова како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и човек од ВМРО, додаде Мицкоски, туку го зборувам и како загрижен граѓанин и како универзитетски професор, низ чии што раце и кредата во рака поминале илјадници студенти и кои што ги учел за една поинаква Македонија.

„Имаме странски инвестиции катастрофална ситуација, 100 милиони помалку од 2016-тата година. Која патем речено не беше најдобра туку потпросечна година. Е сега тука вака помалку сатирично ќе кажам еден пример на една успешна странска инвестиција и за која што треба да им се честита на Зоран Заев и останатите и тоа за продажбата на компанијата на вицепремиерот на Грчкото електростопанство. Тоа е една добра успешна странска инвестиција која навистина донесе додадена вредност во џебот на Анѓушев, и можеби на Заев. А, на сметка на тоа ги продаваат државните национални интереси на радио емисии, лицитираат со иднината на оваа држава и така натаму. Но ете можеме да ја сфатиме таа странска инвестиција како успешна и тука можеме да им честитаме“, рече Мицкоски.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари