logo
logo
logo

Мицкоски: „Македонија е за сите луѓе“

Vecer | 16.06.2021

Мицкоски: „Македонија е за сите луѓе“

ВМРО ДПМНЕ го прослави 31-от партиски роденден во Охрид на кој Претседателот Мицкоски го промовираше новиот концепт на партијата.

-„Македонија за сите луѓе“ е новата политичка стратегија светоглед со кој ќе дејствуваме, силата која ќе ги обедини сите искрени и чесни граѓани кои ја сакаат Македонија и животот го гледаат овде. Време е да зборуваме за иднината, да се крене земјава од оваа национална и економска девастација. Македонија на е на касти, клики и слоеви, туку на сите македонски граѓани, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид, на прославата на 31-от партиски роденден.

- Започнуваме со новитетот кој значи ново визуелно ребрендирање на партијата. Партиските бои сите добро знаете се црвена и црна. А државните бои црвена и жолта. Овие три бои се симбол на нашиот патриотизам и тие не’ обединуваат сите. Ова се јасните бои на Македонија и ВМРО, но и помеѓу постојат повеќе нијанси, коишто опфаќаат повеќе категории на луѓе.

Во својот говор упати критики кон владејачката партија укажувајќи дека со новата стратегија на партијата младите ќе се задржуваат во земјата.Тој нагласи дека Македонија е многу повеќе од една или две партии, од една генерација или повеќе генерации политичари. Мицкоски кажа дека Македонија е заедничката покривка околу која сите се обединуваме.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk