Мицкоски: Кривична за Талат Џафери плус ќе го обориме овој закон на Уставен

Кривична пријава за претседателот на Собранието Талат Џафери и иницијатива за оценува на уставноста на Законот за јазици до Уставниот суд ќе поднесе ВМРО-ДПМНЕ, информираше на прес конференција претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Денес СДСМ, Зоран Заев и владејчкото мнозинство ја поништија волјата на граѓаните. Овој чекор на СДСМ е само патување кон дното во кое сакаат да не понесат сите нас. Од оваа одлука, никој ниту денес ниту утре ќе живее подобро. Само затоа што две партии меѓусебно се договориле, изгласаа кој е неуставен, неприменлив и штетен. Договор меѓу две партии СДСМ-ДУИ, но тоа не е договор одобрен од граѓаните, истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека не е погазено само правото, а ваквиот чекор на носење на закон е удар и врз соживот.

-Некој свесно не турнува одново во непосакувано сценарио во кое влогот е Реепублика Макеоднија. Држава во која правото не владее и не е приоритет. Беззаконието станува практика и начин на управување. На оваа влада најсилен приоритет и стануваат договорите штетни за државата, но не и економскиот раст и европската иднина. Власта претходно ги одби и остана нема на сите наши напори да не се донесе овој закојн и да се исбегне ова сценарио, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари