logo
logo
logo

Мицкоски: Криминалните тендери и провизиите за Заев се поважни од вакцините

Vecer | 09.05.2021

Мицкоски: Криминалните тендери и провизиите за Заев се поважни од вакцините

Христијан Мицкоски во денешното обраќање во Прилеп посочи дека ја живееме денешната сурова реалност во која требаше да бидеме барем први според бројот на вакцините, а ние денеска сме последни.

И Европската Унија треба да биде погласна за криминалите кои ги прави оваа влада, и за грешните политики кои земјава ја туркаат во бездна. Затоа што нашата европска иднина се загрозува со секој криминален тендер кој оваа влада ќе го направи, затоа што денес Бугарија е пречка, но во истиот момент станува пречка и кога овие што штанцале пасоши на белосветски криминалци ќе примат удар како топовско месо и ќе лежат по смешни 2 години затвор, само за да нема одговорност за главата на криминалната мафија, затоа што такви како Рашкоски има секоја општина, министерство или претпријатие, десетпати повеќе од тоа што јавноста го знае, нагласи Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека нашиот единствен пат е кон Европската Унија, која мора повеќе да се ангажира околку обезбедувањето на нашата иднина бидејќи Зоран Заев не е Македонија туку Македонија е народот кој си има европски вредности.

И затоа од овде од слободарски Прилеп ќе им порачам, преговори веднаш, оставете го Заев и тие главоклимачи околу него. Не се тие Македонија, туку овој чесен и честит народ и вредни домаќини. Ова е народот кој многу пред вас ги покажувал своите европски вредности и неговото место е таму за да ја добие заслужената правда, а да ја добијат и сите оние кои што се неправедно обвинети и неправедно осудени од ова обвинителство и судство кое е под целосна чизма на власта на Зоран Заев.

Претседателот Мицкоски посочи дека Македонија денес го живее најтешкото време. Со уништено образование  и уништени вредности во кои провизиите се поважни од здравјето и иднината на граѓаните.

Образованието е уништено, борбата за образование без учебници, е борба за милиони евра во џебовите на овие од власта. Борбата за нов клинички не е борба за здравјето на граѓаните, туку да потрошат над пола милијарда евра, скапо заработени пари на граѓаните, водејќи се од студија скромно напишана од 35 страни. Кога цел свет се бореше да обезбеди вакцини, нашата влада, нашиот министер, премиер се бореа што повеќе провизии да стрпаат во сопствените џебови, а луѓе умираат. Ми се гади кога ги гледам оние свитови и договори како сакаат на здравјето на граѓаните да стрпат провизии во своите џебови, заклучи Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk