logo
logo
logo

Мицкоски: Kолоните возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата

Vecer | 27.03.2021

Мицкоски: Kолоните возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се огласи на „Фејсбук“ по повод денешната гужва на ГП Табановце, каде што голем број на граѓани заминаа во Србија за да примат вакцина.

Мицкоски напиша дека тоа најдобро ја отсликува неспобноста на власта.

„Денес колоните возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата и Зоран Заев. Тоа покажува и колку народот им верува на властите кои најавија вакцини за утре. Државата постои за да им служи на граѓаните, само кај нас државата постои за да биде крадена од власта.

Македонија живее полоши години од деведесеттите, стигнавме до таа точка народот сам да се снаоѓа и бори за живот, кога веќе тоа не го прави Владата.

Порака до власта: погледнете го својот народ, погледнете ги колоните возила, тоа е вашиот срам. Ова нема да се заборави, одговорност ќе има.“, напиша Мицкоски.

Денес колоните возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата и Зоран Заев. Тоа...

Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, March 27, 2021

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk