Почна дуелот на деценијата – Мицкоски спроти Заев

Мицкоски: Ќе веруваа во независно судство ако ве осудеа.(ВИДЕО)

Почна дуелот на деценијата – Мицкоски спроти Заев
- Ќе веруваа во независно судство ако ве осудеа, вака не можат да веруваат, ниту ќе веруваат, му порача Мицкоски на Заев.

- Го отворив судството како пупка, во мојот случај се виде монтажата. Жал ми е што стоите на старите ставови на ВМРО-ДПМНЕ, одговори премиерот Заев.

Не сме во рамноправна позиција со Премиерот. Тој е три пати е помилуван за криминал, прв пат за случајот Глобал од екс претседателот на СДСМ, втор пат од СЈО за случајот Пуч, а сега тоа што го гледавме не го гледаме, за случајот Поткуп, снимките не ги пуштија, тој доби ослободителна пресуда. Не сме рамноправни, започна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во реплика на Премиерот Заев за реформи во правосудниот систем.

- Ќе веруваа во независно судство ако ве осудеа, вака не можат да веруваат, ниту ќе веруваат, му порача Мицкоски на Заев.

- Го отворив судството како пупка, во мојот случај се виде монтажата. Жал ми е што стоите на старите ставови на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска нема нарачување на судски одлуки како во ваше време. СЈО се формираше зошто до гуша ВМРО беше заглавено во криминални зделки. Можевте кај Груевски да одите и да бидете сведок, мојата невиност ја докажав низ транспарентна постапка, порача премиерот Заев.

Поврзани

Најнови вести

Коментари