logo
logo
logo

Мицкоски: Ќе одговараат за секој човечки живот, овој дебакл нема да им помине

Vecer | 26.03.2021

Мицкоски: Ќе одговараат за секој човечки живот, овој дебакл нема да им помине

Проблемот е што денеска имаме над 30 починати. Ближиме до бројката 1.500 заразени. Животот нема реприза, за ова ќе има одговорност, јас им го порачувам тоа. Да не мислат дека се комотни За секој човечки живот ќе има одговорност, не може ова вака да помине. Не смееме да дозволиме како идна влада да помине ова неказнето, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.

Мицкоски истакна дека оваа власт е тотално неспособна, наместо да се борат за вакцини тие трчаа по провизии, бараа фирми во Хонг Конг, излегуваа информации во јавноста и документи кои тоа го потврдуваат.

-  Не можете како власт и држава да се потпрете на една варијанта, тие се потпреа, дека им ветија од Ковакс. Заев во јануари велеше и дека Венко потпишал договор со Фајзер и дека ќе пристигнат до крај на јануари и почеток на февруари 5250 вакцини од Фајзер, ветија и кинески, еве април дојде немаме ништо. Сега ќе дошле 24.000 дози за 12.000 луѓе за што попрво? Гледаме дека медицинскиот персонал престана да се вакцинира  бидејќи нема вакцини и никој не сноси одговорност, потенцира Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека одговорност мора да се сноси, почнувајќи од Караџовски до завршувајќи со тој кој што е најодговорен помеѓу нив, а тоа е министерот.

- Наоѓаат глупави оправдувања кои сами си ги разбираат. Наместо да излезат во јавноста, да се извинат и да понесе некој одговорност, тие се заплеткуваат и тонат.  Ако дозволиме да поминат грешките кои чинат животи, ако трчаат по провизии наместо да се борат, ако се сончаат по плажи затоа што евтини им биле аранжманите наместо да се борат за вакцини, ако се тоа помине, тогаш ништо не сме направиле, вели Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk