logo
logo
logo

Мицкоски: Ќе направиме силни промени во општините во Македонија, да ја оправдаме довербата

Vecer | 27.10.2021

Мицкоски: Ќе направиме силни промени во општините во Македонија, да ја оправдаме довербата

Планирам секој атом од својата енергија да го вложам да работам за граѓаните, да бидам нивен сервис, да направиме реформи кои ќе значат подобар живот за граѓаните. Ние сега на тоа сме фокусирани бидејќи за 3-4 дена отсега тоа ќе биде реалноста како да направиме подобри услови за живот во општините во кои ВМРО-ДПМНЕ ќе има свои градоначалници, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дебатна емисија на ТВ Шења.

Мицкоски истакна дека народот со СДСМ живее лошо и затоа ВМРО-ДПМНЕ доби огромна поддршка во првиот круг  и таквата поддршка значи дека народот има големи очекувања кои треба да се оправдаат.

- Суштината е дека народот живее лошо и оваа поддршка која ја доби ВМРРО-ДПМНЕ е реткост од опозиција да се добие таква поддршка и тоа значи дека народот од нас има големи очекувања  и тоа нас не обврзува. Ние размислуваме што после 31 октомври, што треба да сработиме за да ја оправдаме довербата, рече Мицкоски.

Во однос на вториот круг, Мицкоски истакна дека не очекува таква работа бидејќи тоа го укажа и првиот круг, но и тоа што СДСМ води исклучиво црна кампања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk