logo
logo
logo

Мицкоски: Како се краде народот?

Vecer | 25.06.2021

Мицкоски: Како се краде народот?

Претседателот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицксоки во Фејсбук статус обајсни како наместо милионски загуби и крадење на ЕЛЕМ, до милионски профит за инвестиции во компанијата и Македонија.

Како се краде народот?

ЕВН Хоме снабдувачот на граѓаните со електрична енергија објавува тендер за набавка на електрична енергија за периодот од 1 јули до 31 декември. Вкупната количина на електрична енергија потребна за граѓаните е 1.585.585 MWh.

Тендерот е поделен на два дела, првиот дел е отприлика 70% од потребите на граѓаните, а вториот дел е останатите 30%. Согласно закон, ова е последна година кога ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) има обврска да понуди 70% од потребите на електрична енергија за граѓаните на тендер, а снабдувачот ЕВН Хоме одлучува дали ќе ги прифати или не!

Тендерот беше одложуван двапати, прво требаше да се отворат понудите на 16 јуни, па на 21 јуни, за да конечно падне одлука, понудите да се отворат на 24 јуни. Заев и Ковачевски одлучија ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) да понуди не 70%, туку 100% од потребите за електрична енергија на ЕВН Хоме по цена од 36,1€/MWh!

ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) во 2020 година на ЕВН Хоме му продаваше електрична енергија за потребите на граѓаните по цена од 38,8€/MWh што е за 2,7€/MWh повисока од таа која сега ја понуди. Со таа цена во 2020 година ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) забележи загуба од 16,8 милиони евра. Со новата цена, загубата ќе се зголеми за нови 4,3 милиони евра до крајот на 2021 година и ќе биде поголема од 20 милиони евра. За само две години цунамито, кражбата во ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) ќе ги чини граѓаните повеќе од 36 -37 милиони евра.

А каква е состојбата на пазарот во регионот?

Просечната цена на истиот ден - 24 јуни, по којашто се тргува електричната енергија во регионот, Грција, Бугарија, Романија и Унгарија е 90,4€/MWh за истиот период од годината 1 јули до 31 декември. Доколку ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) ја продадеше оваа енергија во соседна Грција само по основ на разлика во цена ќе заработеше повеќе од 86 милиони евра за само шест месеци. Повторувам, наместо нови 4,3 милиони евра загуба, поголем приход од 86 милиони евра за само шест месеци!

Како требаше да постапат?

Како прво, ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) да ја продаде електричната енергија на слободен пазар, не само за втората половина од 2021 година, туку и за првата половина од 2022 година. На тој начин ќе го зголемеше сопствениот приход за околу 150 милиони евра.

Второ, со 35 милиони евра, директно или индиректно ќе интервенираше цената на електричната енергија за граѓаните да не се зголеми.

Трето, со 50 милиони евра ќе се покриеше и разликата во трошоците за производство и финансиските загуби од 2020 година. Потоа, план и оптимизација на производството за следната година да се повтори истиот профит.

Четврто, трансфер на 15 милиони евра преку буџетот во министерство за здравство и авансирање на вакцини за следниот бран подготвени да го пречекаме наместо повторно да коленичиме за донација по регионот.

И последен чекор, 50 милиони евра за капитални инвестиции за развој на компанијата и Македонија.

Почитувани сограѓани,

Додека оваа земја ја водат неспособни луѓе, сметките ќе ги плаќаме сите ние. Овие луѓе се способни само за криминал и лаги. Треба да се стави крај на ова!

За неколку месеци од денес вие одлучувате дали сакате да живеете во ова секојдневие на криминал, корупција, банкрот, долгови и безидејност што го нуди СДСМ или нашиот план за иднината, Македонија за сите луѓе.

https://www.facebook.com/829371753904952/posts/1898923346949782/

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk