logo
logo
logo

Мицкоски: Како партија континуирано вложуваме во младите кои во иднина ќе ја водат партијата

Vecer | 31.03.2023

Мицкоски: Како партија континуирано вложуваме во младите кои во иднина ќе ја водат партијата

Благодарам што сте присутни на Академијата која ја организира Партискиот истражувачко – аналитички центар при ВМРО- ДПМНЕ. Ова се навистина прекрасни настани за сите нас, благодарност до фондацијата Конрад Аденауер што е секогаш со нас на ваквите настани што можеме да научиме да пренесеме знаења, искуства, да видиме како можеме да бидеме подобри. Натпреварот да бидете секогаш подобар треба да биде главен мотив на сите оние млади генерации кои што допрва доаѓаат во рамки на структурите на партијата, бидејќи природниот процес на замена на генерации е една неминовност, истакна лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

-Ние секогаш сакаме да вложуваме во генерациите кои доаѓаат, бидејќи само со континуирано вложување во генерациите кои доаѓаат ние можеме да бидеме подобри и само оној кој остава позади себе цврста основа и цврста подлога се смета за успешен претседател, успешен професор, успешен педагог или како и да земете. Важно е што ќе оставите позади себе, а не што ќе се обидете да направите напред. Важно е и тоа се разбира, но исто така е многу важно што ќе оставите позади себе. Затоа овие политички академии се многу значајни посебно за УМС на ВМРО-ДПМНЕ, за луѓето кои треба понатаму да ја водат партијата, да ги водат комисиите во партијата, да бидат пратеници, градоначалници, да бидат луѓе кои ќе бидат дел од Извршниот комитет на партијата и се надевам дека ваквите настани за нив многу значат и тие ќе можат да извлечат одредени искуства кои потоа ќе ги применат, додава Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk