logo
logo
logo

Мицкоски: Граѓаните покажаа дека се незадоволни од власта, ние ќе покажеме дека можело поинаку овие 30 години

Vecer | 25.10.2021

Мицкоски: Граѓаните покажаа дека се незадоволни од власта, ние ќе покажеме дека можело поинаку овие 30 години

Граѓаните генерално во Македонија, народот на Македонија без разлика дали се тоа Македонци, Албанци, Турци, Власи, Бошњаци, Срби, Роми и останати се незадоволни од денешната политичка реалност. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија овие четири години помина низ многу премрежја и низ многу предизвици, јас сум убеден дека минатата година да не се случија сите овие злоупотреби, кои што би рекол беа фолклор од оние вонредни состојби кои што на дневна основа или по потребите на власта ги штанцаше Стево Пендаровски и тогаш ќе се случеше голема победа на опозицијата, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во емисијата на телевизија Клан.

Тој изјави дека вложиле многу како луѓе, и дека имале една свежа кампања со јасни пораки за многу теми, кои што ги тиштат граѓаните и направиле резултат од кој што би било неискрено да кажеме дека не се задоволни.

- Задоволни сме од резултатот, бидејќи имаме еве околу 320 и неколку илјади гласови за кандидатите за градоначалници, што навистина претставува солиден резултат имајќи предвид дека ние немавме кандидати за градоначалници во многу општини во кои што во минатото традиционално сме имале“, изјави Мицкоски

Мицкоски додаде дека на ваква ниска излезеност на локалните избори од 51,5%, ВМРО-ДПМНЕ доби над 320.000 гласови. ВМРО-ДПМНЕ доби над 70-тина советници ширум Македонија. Во градот Скопје ВМРО-ДПМНЕ доби убедлива победа. Пет општини во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ во Скопје ги освои, дури и партијата има мнозинство на советници во Град Скопје.

„Во вториот круг сме во 28 општини во цела Македонија така што ценам дека навистина направивме солиден добар резултат. Продолжуваме со истото темпо, мораме да направиме резултат со кој што на крајот нели од локални избори ќе покажеме, докажеме дека можело во Македонија поинаку изминативе 30 години“, нагласи Мицкоски.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk