logo
logo
logo

Опозиција или...

Мицкоски го повика Апасиев, ДА ВИДИМЕ СЕГА КАДЕ Е ЛЕВИЦА

Vecer | 19.10.2021

Мицкоски го повика Апасиев, ДА ВИДИМЕ СЕГА КАДЕ Е ЛЕВИЦА

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес конференција повика на здружена опозиција во вториот изборен круг. Тој на денешната прес конференција ги повика сите партии велејќи дека им подава рака на „леви, центар и десни“ да му се придружат во уривањето на, како што вели „криминалната власт“.

Повикот од Мицкоски доаѓа откако завчера СДСМ доживеа тежок пораз а лидерот на партијата Левица рече дека очекува повик од ВМРО-ДПМНЕ за да се урне власта на Зоран Заев.

На директно прашање дали повикот за обединување се однесува и на Левица Мицкоски рече дека апсолутно повикот важи и за партијата на Апасиев и за градоначалници и за мнозинство во советите но повикот важи и за другите партии кои се дел од власта.

Мицкоски вели дека локалните избори покажа дека има сериозно антивладино расположение и незадоволство од власта.

Опозициските гласови и нивната заедничка цел – промена на власта и нова иднина за Македонија. Затоа повикувам на здружена опозиција, заеднички до целта за подобра и нова иднина. Секоја наша разлика во опозицијата е помала од заедничката цел да ја собориме оваа власт за Македонија да оди напред со сите луѓе“ изјави Мицкоски.

Тој на новинарските прашања одговори дека во вториот изборен круг ќе ги подржат кандидатите за градоначалници кои биле дел од коалицијата „За обнова на Македонија“, а настапија различно од коалицијата.

„Таков е случајот во општината Центар Жупа, таков е случајот во општина Карпош и во другите места. Тука немаме дилема дека застануваме и ги поддржуваме кандидатите за градоначалници. Онаму каде што имаме кандидати за градоначалници во втор круг од коалицијата Алтернатива и Алијанса исто немаме дилема и застануваме комплетно зад тие градоначалници како што е кандидатот за општина Чаир во Скопје, и во други места како Дебар и Гостивар. За останатите раководството на партијата се уште нема заземено став, очекуваме во текот на денешниот ден или утре да имаме појасна позиција“, изјави Мицкоски.

Тој изјави дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да победи во вториот круг во сите општини, вклучително во Градот Скопје. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека сега партијата е блиску до формирање на мнозинство во Градот Скопје. Тој додаде дека по овие избори очекува да се наметне и темата за ново парламентарно мнозинство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk