Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хридтијан Мицкоски денеска беше да го посети малиот Ангел за кого пред некој ден беа собрани потребните средства за неговот лекување.

„Денес се гушнавме со Ангел. Сакам од срце да ви се заблагодарам од мое име и од името на Ангел што нѐ поддржавте.

Да си ми здрав, весел и среќен Ангел и знам, просто знам дека ќе ја добиеш и оваа битка јунаку, стои во постот на Мицкоски на неговиот фејсбук профил.

 

Денес се гушнавме со Ангел. Сакам од срце да ви се заблагодарам од мое име и од името на Ангел што нѐ поддржавте. Да си ми здрав, весел и среќен Ангел и знам, просто знам дека ќе ја добиеш и оваа битка јунаку!

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, February 16, 2021

Во коментар на истиот пост се јави и мајката на малиот јунак Ангел која му изрази неизмерна благодарност на Мицкоски и на сите други кои учествуваа во обезбедувањето на средствата за лекување на Ангел.