Мицкоски ги исклучи од партијата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните промени

Денеска во РМ е тажен ден, црн петок, најцрн ден во независна Македонија, истакна на прес-конференција лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицксоки.

Сепак, како што додаде тој, останува историски траг на кој мора да се биде горд, а тоа е дека народот не ја изневери државата, туку Зоран Заев.

„Волјата од Референдумот беше погазена од две третини, но и осуммина пратеници кои тргнаа против волјата на граѓаните. На ова претходеа силни притисоци и закани, ослободување од обвиненијата кои се политички прогон. Биле понудени и пари, а Собранието беше киднапирано од Зоран Заев и ордите околу него. Не сите издржаа на притисоците. Денот кога требаше да се гласа се претвори во лов на пратеници“, истакна Мискоски.

Осуммината пратеници од опозицијата без оглед што се опфатени со обвиненија, може некој ќе изрази жалење, но јас не, не ја оправдувам оваа постапка, рече лидерот на опозициската партија.

„Сами бираме како ќе живееме со какви углед и чест, а угледот кај граѓаните е најважен“, додаде тој.

Мицкоски кажа дека оние кои гласале го разочарале него, но што е уште поважно си ја разочарале и татковината со што, како што нагласи, ќе треба да живеат.

„Ивршниот комитет одржа вонредна седница за исклучување на седуммина прстеници“, посочи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Заев нема мандат од народот ова да го прави и како што посочи ова е срамно дело кое ќе се памети.

„Македонија е во тешка ситуација токму поради оваа структура на власт, имаме референдум со лажни гласови, имаме се освен не европски принципи, а ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од ЕУ и НАТО. Најголем противник на овие вредности е Зоран Заев. Договорт е само параван, а во позадина се бизнисите и криминалот кој не застанува“, истакна Мицкоски.

Ние заедно ќе победиме и тоа ви го ветувам, затоа избегаа од избори, рече тој и кажа дека ддлуката со притисоци да ја скрши државата е показател за слабост.

„Заев ќе дојдеш еден ден на избори, ќе те победам, ќе добиеш жестока казна од народот било да се изборите сега или кога и да се, најтемно е пред зората“, порача Мицкоски.

Виктор Јованов

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари