logo
logo
logo

Мицкоски: Филипче фатен во 5,3 милиони провизија при набавка на вакцини (ДОКУМЕНТИ)

Vecer | 05.05.2021

Мицкоски: Филипче фатен во 5,3 милиони провизија при набавка на вакцини (ДОКУМЕНТИ)

Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес на брифинг со новинарите презентираше документи со кои се докажува дека Министерсвото за здравство, односно владата, платила за кинеските вакцини по околи 65 долари за вакцина а нивната пазарна цена, објавена од повеќе други држави е пет до десет пати помала од таа.

Министерот за здравство Венко Филипче јавно тврдеше дека ВМРО ДПМНЕ шири лажни вести и дека, според Филипче, никогаш македонската влада не платила аванс за кинески вакцини преку посредник.

Но, денес Мицкоски презентираше документи со кои се поврдува дека на 10. Февруари 2021 година е извршена девизна уплата од 7.800.000 долари за аванс на 200.000 кинески вакцини.

Платено е во банка од Хонг Конг во полза на посредникот Стабри Лимитед.

Платило Министерството за здравство, а одобрила Народна банка на Македонија.

Испорака по оваа уплата не се случила затоа што Кина одбила плаќање преку посредници, и парите се вратени.

Потоа, под притисок на јавноста за набавка на вакцини, владата, Министерството за здравство потпишува нов договор, овојпат директно со државата Кина.

За истите 200.000 кинески вакцини, но сега без посредник, на Кина и се платени околу 2,5 милиони долари наместо претходните 7,8 милиони долари или - 5 милиони долари помалку!

Толку е и провизијата на посредникот - околу 5,3 милиони долари во однос на непосредната набавка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk