logo
logo
logo

Мицкоски: Единствен народ на Балканот кој своја државност стекнал преку НОБ без европски спонзори е македонскиот

Vecer | 09.05.2021

Мицкоски: Единствен народ на Балканот кој своја државност стекнал преку НОБ без европски спонзори е македонскиот


Денес сме тука во градот херој одбележувајќи го денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, и не случајно Прилеп е местото каде го паметиме и благодариме на почетокот на народно ослободителното движење и народноослободителната борба, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„ И нашата борба за слобода не е никаков изолиран случај туку континуиран процес на неколку Илиндени. 9 мај немаше да се случи, ако претходно не беше 11 октомври неколку години порано, а денес седиме овде наспроти плочите каде се вклесани имињата на 462 партизани од НОБ од Прилеп и околината кои ги дале своите животи за нашата денешна слобода и држава. И имињата на овие луѓе не треба никогаш да заборавиме бидејќи буквите на нивните имиња се испишани со падната крв за нашата слобода и иднина. Ете толку е скапа нашата слобода и државата која што е спечалена со крв, пот и страдања. Ова не треба да се заборави никогаш и слава им на хероите. Треба секој од нас да е свесен дека единствен народ на Балканот кој своја државност стекнал преку НОБ без европски или светски спонзори е токму македонскиот народ и оваа држава која што ние ја живееме“ истакна Мицкоски.

Тој додаде дека како држава имаме легитимното право да се повикуваме на нашето наследство, но и придонес во градењето на слободарска Европа. Затоа што, како што вели, нивната слобода е и наша слобода, затоа што и нашата крв го полеваше темелот на заедничката слобода.

„ Нашите предци не` не посрамотија, и беа на вистинската страна, прашањето е дали денешната власт го чува тоа наследство и не ги посрамотува нашите предци? Одговорот го добиваме кога премиерот, во името на некакво пријателство, вели дека тука имало администрација, а не фашистички окупатор, што самото по себе е тешка небулоза и невистина. И тоа е дотолку страшно зошто се вика брутално, сурово убиство на вистината. Од друга страна премиерот на нашиот источен сосед, оној нели кој Заев го вика брат, ќе рече Делчев бил бугарски револуционер, а македонски војвода“ рече Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Европа се убавите згради во Берлин и Париз, но и стандардот во Брисел, економијата во Штудгарт и Минхен.

„ Мора да ги вратиме принципите и стандардите. Мора да има промена зошто Заев брутално паѓа а сака со него да не повлече сите нас. Е нема тоа да го дозволиме. Нема повеќе паѓање. Народот не смее да биде повеќе жртва на мафијата, мора да се ослободи бизнисот, криминалците да одговараат, а на луѓето да им се даде надеж и визија. Ќе се борам крвнички за секој еден од вас и заедно ќе градиме се што овие уништија. Македонија ќе го има својот 4 Илинден и ќе биде просперитетна држава, а ќе ја вратиме надежта дека може подобро“ порача Мицкоски.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk