logo
logo
logo

Мицкоски: Доста не газат 30 години, МОРА ДА ГИ ОДБРАНИМЕ ЦРВЕНИТЕ ЛИНИИ

Vecer | 26.03.2021

Мицкоски: Доста не газат 30 години, МОРА ДА ГИ ОДБРАНИМЕ ЦРВЕНИТЕ ЛИНИИ

Не може повеќе отстапки, доста е. 30 години не газат. До кога ќе попуштаме? До кога ќе ни викаат уште ова попуштете и ќе биде датумот. Мора да ги исцртаме црвените линии. Ние сме Македонци со своја култура, со свои обичаи, своја историја, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Мицкоски истакна дека не смееме да дозволиме билатералното прашање со Бугарија да биде дел од условите за отпочнување на преговори со ЕУ, и тоа јасно е кажано од Стејт Департментот.

- Нашиот стратешки партнер САД, беа јасни и кажаа дека не може билатерално прашање да биде за тоа услов. Никој не смее да го прифати тоа. Потребно е дефинирање на црвени линии и никако прифаќање на наметнатите услови за преговори кои ги дава Бугарија. Надвор процесот на преговори со ЕУ треба да се решава тоа прашање, потенцира Мицкоскки.

Тој истакна дека доколку се прашува Заев тој се би потпишал и затоа потребна е револуција на македонскиот народ која нема да дозволи да не избрише како народ и држава.

- Ако нема критично тело за револуција на македонскиот народ, за тоа што тие ќе се осудат да го потпишат, престануваме да постоиме. Јас ќе бидам во првите редови на таа револуција и очекувам да ги видам сите политичари и бизнисмени кои 30 години леб јадат од оваа држава, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk