logo
logo
logo

Мицкоски: Додека бев на Инфективна морав сам да го поправам прозорот во собата

Vecer | 01.04.2021

Мицкоски: Додека бев на Инфективна морав сам да го поправам прозорот во собата

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Клик Плус“ зборуваше за тоа како тој се справил со вирусот кој инаку 12 дена беше сместен на Инфективната клиника во Скопје.

-Го поправив инаку прозорот во просторијата каде што  лежев бидејќи првите неколку дена кога бев таму вечерта беше премногу ладно, а прозорот не се затвараше. Така да го поправив и мислам дека во таа соба 302 тие што потоа беа присутни можеа навечер да им биде пристојно топло, да не им биде ладно, рече Мицкоски во своето гостување.

Мицкоски во своето гостување истакна дека како политичар и како човек  ќе работи да тие луѓе на Инфективна клиника да можат се чувствуваат подостоинствено и да имаат подобри услови од сега.

- На никого не му посакувам да помине 12 денови такви  какви што јас поминав таму, а како човек и како политичар ќе работам до максимум да можам да тие луѓе да им направам барем малку да се чувствуваат подостоинствено и да имаат малку подобри услови од тоа што во моментов го имаат, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk