logo
logo
logo

Мицкоски до Заев: Оставката НЕ е банална работа, таму згаснаа 14 животи

Vecer | 20.09.2021

Мицкоски до Заев: Оставката НЕ е банална работа, таму згаснаа 14 животи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ дуел во емисијата Само вистина на Канал 5, рече дека состојбата со изгорената модуларна болница во Тетово каде што животот го загубија 14 граѓани е загрижувачка, посочувајќи дека 14 човечки животи згаснаа поради неспособноста на надлежните.

 

Претседателот Мицкоски ја коментираше денешната изјава на Заев, каде што тој директно признава дека немало одобрение за градба на модуларната болница, укажувајќи дека македонската јавност и тој лично е шокиран од изјавите, како и дека не е банално тоа што ВМРО-ДПМНЕ бара оставка бидејќи како што рече 14 човечки животи згаснаа предвреме поради неспособноста на надлежните институции.

 

- Она што, исто така, би сакал да го споменам и навистина сум шокиран денес, а претпоставувам и македонската јавност е денеска шокирана од изјавата на првиот најповикан а тоа е премиерот Заев кој што рече дека бил свесен и знаел дека таму нема одобрение за градба на тие објекти и како второ тоа што го кажа дека банална е таа работа. Не е банална господине Заев 14 човечки животи згаснаа предвреме поради неспособност, вели Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk