Мицкоски: До мај ќе биде комплетирано раководството во општинските комитети

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Струмица ги почна теренските посети и средбите со жителите на македонските градови и села, кои претходно го најави и на „Фејсбук“.

Во Струмица, Мицкоски оствари средба со младите од градот, а одговараше и на новинарски прашања од кои едно се однесуваше на изборот на претседатели на општинските комитети на партијата. Притоа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека тоа е нормална постапка којашто се случува веднаш по изборниот процес и по промената на раководството во самата партија.

„Во неделата заврши отворениот конкурс и се имаат пријавено неколку илјадници луѓе коишто конкурираат за претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела Република Македонија. Постапката на интервјуа ќе почне од 15 март и очекуваме некаде кон крајот на април, евентуално почеток на мај да ја имаме комплетирано целокупната структура и комплетирано раководството во општинските комитети. Потоа следува втората фаза, односно фазата кога ќе започнеме да ја промовираме таканаречената постапка на работно лето. И понатаму соодветно јавноста ќе биде информирана за следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ и општинските организации“, изјави лидерот на партијата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари