logo
logo
logo

Мицкоски: Дали 55 или 62...

Vecer | 04.02.2023

Мицкоски: Дали 55 или 62...

Луѓето се чувствуваат опљачкани, осиромашени, понижени и голем дел од нив одлучуваат засекогаш да ги напуштат своите домови овдека во Македонија. Разочарани што не добиле вистинска шанса. Јас сум на факултетот каде што имам секојдневна комуникација со млади луѓе чии што родители се нивниот мотив да после студиите ја напуштат Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната трибина насловена „Гоце е Македонија”.

Мицкоски додаде дека токму тоа е колективен неуспех што сега се случува во Македонија. Тој дури вели дека ВМРО-ДПМНЕ треба сето тоа да го корегира.

– Многу скоро од денеска ќе имаме можност. Ќе дојдат изборите, бидете сигурни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Никој веќе нема дилема, дури и Ковачевски да го прашате и Али Ахмети и тие ќе ви го дадат тој одговор. Барем едно е константна, кога и да се случат изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Прашањето е дали ќе бидат 55, 58, 60, 62 пратеника. Само тоа е дилемата, друго верувајте дека нема да има дилема. Народот е мотивиран и народот сака да го види ВМРО-ДПМНЕ, значи ВМРО-ДПМНЕ е последната шанса – рече чидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека таа шанса нема да биде уживање, туку многу работа, многу откажувања, многу мака, многу труд, многу храброст, многу одлучност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk