Мицкоски да им се извини на граѓаните на Струмица, бара СДСМ

На граѓаните на Струмица и околината Мицковски им должи извинување затоа што 11 години беа заборавени од централната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски треба да смогне сили и да ги напушти политиките на поделби, конфликт и омраза, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека СДСМ нема да дозволи деструктивните сили во општеството да ја загрозат иднината на државата, ниту пак безбедноста на граѓаните и пратениците. „Правото на протест е неспорно, уставно загарантирано. Но, јасно е дека тука не станува збор за протести, туку за организирани закани врз пратениците, врз нивните семејства и нивните домови. Лесно може да се заклучи кој стои зад ова, но ВМРО ДПМНЕ мора има предвид дека заканите, сеењето омраза и поттикнувањето насилство се кривични дела.Секој кој ја загрозува сигурноста или безбедноста на кој било граѓанин, мора да сноси одговорност“, соопшти СДСМ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари