Црн петок со 50 починати од ковид, народот умира, а министри одат на одмори и се возат со хеликоптери, владата мора да си замине, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Денес црн петок, Македонија е во црно. 50 починати поради ковид. Тажен ден. Станавме земја во која министри шетаат на одмори, се бара провизија за вакцини, преку викенд возат мотори, а кога не го прават тоа летаат со хеликоптери, и сето ова додека народот умира. 50 починати е цела една зграда, цел еден блок, една градска улица со куќи кои се зацрнуваат. Задоцнија од власта со реакцијата, немаат систем, ниту план“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Според него народот е препуштен сам на себе, а единствена шанса за работите да тргнат на подобро, е владата да падне.

„Народот е препуштен сам на себе. Оваа влада треба да падне, тоа е единствената шанса за да работите тргнат кон подобро“, напиша Мицкоски.

makfax.com.mk