logo
logo
logo

Мицкоски: Благодарност до целиот медицински персонал на Инфективна, ќе започне маката на Владата заради неспособност за набавка вакцини

Vecer | 10.03.2021

Мицкоски: Благодарност до целиот медицински персонал на Инфективна, ќе започне маката на Владата заради неспособност за набавка вакцини

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку Фејсбук информираше за неговата здравствена состојба откако пред речиси две недели доби позитивен тест на коронавирус.

Мицкоски се заблагодари на целиот медицински персонал на Инфективната клиника и порача дека наскоро ќе започне маката на Владата поради нивната неодговорност.

-13 ден откако сум ковид позитивен. Поминав исклучително тешки 12 дена, велат излегувам од т.н., цитокинска бура, интерлеукин 6 се намалувал. Денес ми е прво утро без покачена температура, подобро се чувствувам. Ова што јас го преживувам не сакам да биде ничија реалност бидејќи вирусов е страшен. Сакам да упатам јавна благодарност до целиот медицински персонал на Инфективна клиника во Скопје. Секој од нив е вистински борец и нивната посветеност и пожртвуваност не се опишува со зборови. Жално и трагично е што сѐ уште не е започнат процесот на вакцинација бидејќи без тоа нема решение, а очигледно за него ќе чекаме уште многу. Ќе помине и мојата здравствена мака, ама ќе започне маката на Владата заради оваа неодговорност и неспособност за набавка на вакцини. Не е време за циркус со шпиунски игри, треба сериозни луѓе на вистински места што знаат како. Ако на времето беше смешно кога ќе слушневме дека блескаме, денес е трагично бидејќи блескаме поради срамот, простотилукот, неспособноста на власта. Доаѓа денот за одговорност, напиша Мицкоски на Фејсбук.

13 ден откако сум ковид позитивен. Поминав исклучително тешки 12 дена, велат излегувам од т.н., цитокинска бура,...

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, March 9, 2021

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk