logo
logo
logo

Мицкоски: „16-ти јуни е вистинската најава за пресврт, за еден голем новитет кој ќе го соопштиме од Охрид“

Vecer | 12.06.2021

Мицкоски: „16-ти јуни е вистинската најава за пресврт, за еден голем новитет кој ќе го соопштиме од Охрид“

На 30-та Годишна конференција на Унијата на млади сили под мотото „Ние сме иднината“ Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред присутните на Хераклеа во Битола најави големи новитети во партијата кои треба да се случат на 16-ти јуни.

-Што ќе направи ВМРО-ДПМНЕ, како ВМРО-ДПМНЕ ќе се проектира наредниот период, и каква сила ќе бидеме ќе видите многу скоро, почекајте – 16-ти јуни е датумот. 16-ти јуни е вистинската најава за пресврт, за еден голем новитет, во пресрет на одбележување на формирањето на нашата партија од Охрид ќе го соопштиме нашиот новитет. На посебен настан. ВМРО-ДПМНЕ е стеблото, ВМРО-ДПМНЕ е покривката која обединува луѓе. ВМРО-ДПМНЕ е на вистинските патеки, а запаметете 16-ти јуни е она што сите го очекуваат. Бидете трпеливи.

- Опозициски блок најдобро ќе ги штити државните интереси, ќе се бори за економски прогрес и ќе ја победи мафијата. Сега повеќе нема никакви изговори, ова е моментот за обединување и подавање на рака. А, сите тие кои што ќе останат надвор и кои ќе се колебаат, бараат изговори или се спротивставуваат на обединувањето со сите оние кои што тоа го посакуваат и за тоа за нив можам да кажам дека се слуги во скутот на Заев и се инсталирани од власта за да ја слабеат опозицијата. Многу јасно и прецизно ќе се видат кои се тие. А, опозицискиот блок, обединетата опозиција ќе ја собори власта. Овде се работи за нашата иднина и за иднината на сите нас. Се работи за иднината на нашата Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk