logo
logo
logo

Мицевски: Започнуваме граѓанска иницијатива за собирање потписи за укинување на Законот за попис

Vecer | 10.02.2021

Мицевски: Започнуваме граѓанска иницијатива за собирање потписи за укинување на Законот за попис

ВМРО-ДПМНЕ започна постапка за укинување на Законот за попис, затоа што не се слушна мислењето на опозицијата, затоа што сметаме дека Закон за попис и целата ситуација е консензуално политички договорена работа која требало да биде и во која ќе бидат познати сите чекори.

Ова во интервју за Курир.мк  го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

-Ние во овој процес ја немаме методологијата, ние дополнително ги немавме сите дефиниции имајќи во предвид дека законско решение се донесува еднаш на десет години, имајќи предвид дека кај нас попис не е извршен повеќе од 19 години сметавме дека во ова законско решение требаше да бидат вметнати сите овие нелогичности или барем моменти на сомнежи од страна на опозицијата, изјави Мицевски и додаде:

„До такво нешто не дојде, затоа ВМРО-ДПМНЕ започна граѓанска иницијатива за отпочнување постапка за собирање на потписи за укинување, односно престанок на важење на одредено законско решение.

Постапката е започната, до ДИК е однесена иницијативата, а по собирањето на 100 потписи во собранието е доставена и иницијативата, а сега на ред е оваа иницијатива претседателот на собранието да ја достави до матичната комисија тоа е Комисијата за политички систем и односите меѓу заедниците и законодавно правната комисија за да ја разгледаат иницијативата.

Мицевски во интервју за Курир на прашањето за интерпелациите на Димитров, Маричиќ и Николоски вели дека точките на опозицијата како и во минатиот состав на парламентот и сега се ставаат на последно место на дневниот ред.

-Во текот на минатиот мандат имавме поднесено осум интерпелации по однос на работата на министрите, а само две го видоа светлото на денот, а сите останати шест интерпелации се ставаат како последни точки на дневниот ред, а кога ќе дојде до последната точка седницата се прекинува и никогаш не продолжува, вели Мицевски.

Целото интервју за Курир.мк на Мицески на најразлични теми можете да го погледнете во продолжение:

https://www.youtube.com/watch?v=PqED7LAg3YI&feature=emb_title

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk