logo
logo
logo

ОВА Е МЕТОДОЛОГИЈАТА како ќе се спроведе ПОПИСОТ

Vecer | 05.02.2021

ОВА Е МЕТОДОЛОГИЈАТА како ќе се спроведе ПОПИСОТ

Конечно објавена е Методологијата според која треба да се спроведе пописот.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денес ја престави Методологијата за подготовка, организација и спроведување на пописот во април. Методологијата е јавна и може да се види на интернет страницата.

Планот е пописот да се спроведе од 1-ви до 21 април годинава.

Од владејачката СДСМ велат дека  точно ќе се мапираат потребите на регионите и единиците на локалната самоуправа.

- Успешно реализираниот попис ќе донесе прецизни, целосни податоци за демографската, социјалната, образовната, верска и национална структура на населението и ќе обезбеди релевантни податоци и насоки за тоа како треба да се движи економијата, образованието, социјалната политика, детската заштита, велат од СДСМ.

Опозицијата останува на ставот дека треба да се одложи за наредната година, или ако се инсистира тој да се одржи пролетва, да се спроведе по електронски пат. ВМРО-ДПМНЕ, формално почна и иницијативата за укинување на Законот.

- Голем број на држави во регионот, Бугарија, Србија, Хрватска, но и Романија и Германија, водејќи сметка и грижејќи се за здравјето на граѓаните, одлучија да го одложат пописот за наесен или за напролет следната година, апелираме до владата на разум, рече лидерот на партијата Христијан Мицкоски во моментот при започнување на постапката за собирање на потписи.

Методологијата може да ја погледнете ТУКА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk