Метеоролозите најавуваат големо невреме: Внимавајте на предметите по дворови и тераси!

Големо невреме проследено со град и ветер ја погоди Македонија. Метеоролозите најавуваат дека до крајот на оваа недела на Балканот ќе преовладува невреме и затоа треба да бидеме подготвени.

Еве што треба да направите да ги намалите потенцијални штети од лошото време.

- Сите предмети на терасите или дворовите за кои сметате дека може да ги однесе ветер и со тоа евентуално да повредат некој, добро прицврстете ги. Тоа особено се однесува на саксии со цвеќиња, кои многу лесно може да одлетаат.

- Ако сте во автомобил, најдобро би било да се паркирате на безбедно и да чекате невремето да помине.

- Избегнувајте било какво излегување на отворено додека трае невремето.

- Ако сте веќе на отворено избегнувајте паркови или дрвореди.

Поврзани

Најнови вести

Коментари