Денеска е 2 Aприл, Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизам.

По тој повод, Министерството за здравство соопшти дека согласно своите приоритетни задачи за унапредување на здравственета заштита на децата со попреченост, дава целосна поддршка за реформирање и отворање на нови здравствени центри за рана интервенција во кои од најраната возраст ќе се следи развојот на децата кај кои постојат и најмали индикации за постоење на болести поврзани со попреченоста на децата и конкретно со аутистичкиот спектар на нарушувања.

„Потребно е да бидат отворени неколку Центри за рана интервенција за деца со попреченост и поддршка и нивните семејствата. Со намера за обезбедување на средства за отворање на ваквите центри за рана интервенција се обрати до претставништвото на ЕУ во Скопје со првична намера за обезбедување на средства за изработка на физибилити студија преку механизмот на Европската унија“, велат од Министерството.

Посочуваат дека во изминатиот период во рамките на отворената соработка со граѓанскиот сектор а на барање на Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“ од Скопје излезе во пресрет, им даде поддршка и им овозможи користење на дел од неискористениот простор на ЈЗУ во Здравствениот дом Скопје, во Општата болница во Охрид, во Специјалната болница Св.Еразмо и во Клиничката болница во Тетово за отворање на центри за давање на широк спектар на услуги кои можат да им помогнат на децата на кои имаат задоцнување во развојот или специфични здравствени состојби. Во овие центари е овозможено давање на потребна поддршка на децата од различни видови професионалци на околу 200 деца (без центарот во Тетово кој сеуште не ги примил своите корисници) во кои ќе им се помогне да го достигнат максималното можно развојно ниво со што им се зголемуваат шансите за успех во подоцнежните години. Како карактеристично мора да се напомене дека покрај вообичаената форма, за прв пат центарот во Тетово ќе се карактеризира со дополнителна форма на Мултиетнички центар за третмнан на деца со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром. Отворањето на овие центри е во рамките на промоцијата на развојната соработка во областа на социјалната структура на децата и младите со попреченост по иницијатива и соработка на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје која преку граѓанскиот сектор најде начин како да го финансира реновирањето и опремувањето на дел од наведните центри како и финансирањето на годишните третмани за деца од ранливи категории со аутисични нарушувања од социјално ранливи семејства.

Аутизмот или аутистичниот спектар на нарушувања (autism spectrum disorderѕ, ASD), претставуваат широк спектар на состојби кои се карактеризираат со предизвици во социјалните интеракции, говорот и невербалната комуникација, како и повторувачки однесувања. Иако аутизмот, како термин е дефиниран пред повеќе од 50 години, веројатно оваа состојба била дел од човечката состојба низ историјата.

Како термин, Аутизмот е дефиниран пред повеќе од 50 години а веројатно и многу повеќе од тоа. Статистиката вели дека аутизмот се појавува на 5 од 10.000 деца, но за жал последните истражувања покажуваат дека преваленцата е уште повисока (91 на 10.000), а кај машките деца се појавува четири пати повеќе отколку кај женските а покрај тоа многу луѓе со поблага форма на аутистичен спектар можат да живеат без дијагноза. Поставувањето на дијагнозата на аутизмот може да одземе доста време поради комплицираната природа на аутистичната состојба. Во таа смисла раната дијагноза е од голема корист и овозможува да се превземе соодветна активност.

makfax.com.mk