–Ние ја спасивме оваа влада и ова што се случува во ДУИ е принципиелна внатрешна борба. Со дебата може да се стабилизира парламентарното мнозинство, а не да се загрози. Кога ние не доаѓаме во Собрание тоа е последица, а не е причина. Причината е Артан Груби – вели Меџити.Тој вели дека иако неодамна се екипираа партиските органи, не се води суштинска дебата и нема отчет на владините министри на ДУИ, на чело со првиот вицепремиер Груби. Како што нагласува, со дискусија во ДУИ ќе се стабилизира мнозинството, додека со Алијанса не се решава проблемот.
–Ако Алијанса влезе во владата, во најдобра варијанта сме на нула, бидејќи во таков случај се губат исто толку пратеници колку што ќе влезат. Плус, ќе се отворат внатрешни процеси и во други партии, вклучително и во Алијанса. На овој начин, со цел да се спаси Груби преку Алијанса, наместо да бркаме 80 може да загубиме мнозинство од 61 пратеник – порачува Меџити.