logo
logo
logo

Меџити: Моите забелешки за Груби и Османи се непроменети

Vecer | 17.01.2022

Меџити: Моите забелешки за Груби и Османи се непроменети

Се повеќе расте поддршката од други челници кои го делат мислењето со мене, вели пратеникот на ДУИ Изет Меџити, кој вчера беше еден од двајцата пратеници од парламентарното мнозинство што не гласаше за новата влада предводена од Димитар Ковачевски, објави Фокус.  –Моите забелешки и ставови за актуелните кадровски решенија сум ги истакнал јавно и тие не се променети. Дебатата ќе продолжиме да ја водиме во новоформираните партиски органи, а таму имаме консензус да ги изложиме сите аргументи – ни изјави Меџити, кој е поранешен градоначалник на Чаир и актуелен претседател на чаирскиот огранок на ДУИ. Инаку, Фокус вчера објави дека Меџити нема да гласа за владата поради несогласувања со дел од кадровските решенија, поточно со изборот на сопартијците Артан Груби и Бујар Османи за министри за политички систем и надворешни работи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk