logo
logo
logo

Меџити прво го разреши од дирекор, СЕГА ГО САКА ЗА СОВЕТНИК Д-Р ЈОВЕВ

Vecer | 07.06.2023

Меџити прво го разреши од дирекор, СЕГА ГО САКА ЗА СОВЕТНИК Д-Р ЈОВЕВ

Министерот за здравство Фатмир Меџити го повика разрешениот директор Сашко Јовев од Кардиохирургија, да му биде советник во Кабинетот. Не одговори на прашањето дали ќе ја ревидира неговата одлука за Јовев да се врати на директорската позиција, туку рече само дека тој ќе остане вработен.

Го повикувам да биде национален советник за кардиохирургија. Јовев продолжи да биде вработен во Клиниката за кардиохиругија. Ќе ја има мојата посветеност и поддршка во натамошното работење – рече Меџити.

Меџити посочи дека ќе бара зголемен буџет за Клиниката од која го разреши Јовев.

Целта е Клиниката за кардиохирургија и програмата за трансплантација да функционираат позитивно и да ги зголемиме резултатите – додаде тој.

Министерот посочи дека Јовев е само дел од промените кои тој ги прави.

Сегде ќе има инспекции, каде ќе има нерегуларности и индиции за злоупотреба, ние таму и ќе постапиме – додаде Меџити.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk