logo
logo
logo

Ме ИЗББРКАА ОД РАБОТА. Болен бев и ме малтретираа...

Vecer | 17.04.2021

Ме ИЗББРКАА ОД РАБОТА. Болен бев и ме малтретираа...

Борбата за сопственото здравје во Македонија доведува и до откази од работа. Милован Матовиќ кој со години се бори со хронична болест на белите дробови и алергии од почетокот на панедемијата бара правда и подобри услови за работа во општина Кисела Вода доби отказно решение.

Тој за Алфа ТВ раскажува за мобингот, малтретирањето кое го трпел со месеци наназад од страна на претпоставените односно од секретарот Александар Алексовски.

“Инсистирав да дојде тој тоа го одбиваше, иако му кажав дека се работи за живот и за здравје. Oтидов во неговата канцелаија при што дојде и до инцидент. Потоа неговото самоволие проодлжи и незаконски ме суспендираше. Поради неговото малтретирање јас завршив еден месец на боледување. Тој поднесе суспензија покрена и дисциплинска постапка и кога првиот ден се вратив истата ми беше врачена. Со зборовите не смееш тука да стапнеш не ми дозволуваше да влезам во општината, кога побарав од приемно и чекав во чекалната ме избрка и ми рече овде немаш право да бидеш во овие простории.” – изјави Милован Матовиќ

Матовиќ обвинува дека нема законска основа за неговиот отказ.

“Партиска комисија од 5 члена – ново вработени, меѓу кои едниот беше вработен само десет месеци донесоа одлука со која на градоначалникот му предложија мое отпуштање од работа и вчера го добив решението за отказ. Само затоа што барав да бидам заштитен по протоколите на кои цело време се повикуваат властите не само за мене туку и за сите вработени.“ – вели Матовиќ.

Матовиќ се жали дека не можел ни да се брани од неправдата врз него.

“Раководителот на сектор , жената негова е братучедка на граодналаникот. Секретарот кој треба да ги брани работничките права истовремено е и секретар во општината и е претседател на Синикатот. Под тие околности немав услови за правда , институциите не реагираат, од трудова инспекција не добив одговор.” – кажува тој.

Инаку, Милован Матовиќ во општина Кисела Вода работи како административец цели 15 години. Тој сите овие месеци бараше да биде заштитен од лошите услови за работа во ек на пандемија за на крај да остане без работа.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=oe6_XtK7e0E&t=7s[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk