Маж и две жени се жртви во превртениот македонски автобус кај Лесковац, пренесуваат српските медиуми

Maж и две жени загинале во тешката сообраќајна несреќа на македонски автобус која се случи на автопатот кај Лесковац во 1 часот и 40 минути по полноќ, рекле лекарски извори од болницата во овој град за српската агенција „Бета“. Во оваа несреќа повредени се уште 30 патници.

Четворица од нив во сериозна состојба и тешки повреди биле префрлени во Клиничкиот центар во Ниш, а останатите со полесни повреди се задржани во болница во Лесковац. Возачот и совозачот не се повредени, но им било кажано дека не можат да даваат изјави за медиумите.

РТС пренесе дека станува збор за прилепски автобус, кој патувал кон Виена, но оваа информација не е официјално потврдена. Од српски „Блиц“ пак имаат информација дека се работи за автобус кој сообраќал од Штип кон австриската престолнина.

Како што информираат српските медиуми, во Лесковац вчера врнело дожд, а од полноќ непрекинато почнал да паѓа сенг, па се претпоставува дека можна причина за несреќата е лизгавиот коловоз. Некои српски медиуми пренесоа дека можно е и возачот на автобусот да заспал зад воланот.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари