Општина Кавадарци во соработка со ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци а во согласност со Министерството за здравство и изјавата на министерот Венко Филипче се вклучуваат со целосна техничка и логистичка поддршка во масовното вакцинирање или имунизација.

Ја отстапуваме СЦ Јасмин како пункт за масовна вакцинација во нашата општина но и овој регион. Стоиме на располагање со сите наши ресусрси во делот на техничката поддршка и човековите ресурси.

Сите вложени напори во изминатиот период но и во периодот што доаѓа се клучни за побргу надминување на оваа пандемија и пред се за подобро здравје за сите нас, ја објави на својот ФБ профил одлуката градоначалникопт на Кавадарци Митко Јанчев .