logo
logo
logo

МАСОВНА ТЕПАЧКА: Пет лица од Вевчани и Велешта се истепале заради нетрпеливост во сообраќајот

Vecer | 25.10.2021

МАСОВНА ТЕПАЧКА: Пет лица од Вевчани и Велешта се истепале заради нетрпеливост во сообраќајот

Две лица од струшкото село Велешта и тројца вевчанци утрово физички се пресметале во близина на Струга. Причина за тепачката била нетрпеливост во сообраќајот.

– Утрово околу 8 часот во близина на продажен објект лоциран на регионалниот пат Струга – Дебар нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.К.(63) и В.Ш.(31), двајцата од струшкото село Велешта, од една и Б.Ѓ.(32), Д.Ѓ.(39), К.Ј.(40), сите од Вевчани, од друга страна, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Лицата, додаде, се приведени и по целосно расчистување на настанот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk