logo
logo
logo

“Марихуаната е семеен бизнис. Министерот вели има, премиерот дека нема кризен данок“

Vecer | 28.05.2021

“Марихуаната е семеен бизнис. Министерот вели има, премиерот дека нема кризен данок“

Зоран Заев ќе поднесе измени на закон со кој ќе овозможи извоз на канабис за поголем профит на фирмата на својот братучед. Заев сака да овозможи извоз на непреработена марихуана, а не како до сега на масло за медицински потреби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Наместо да работи за граѓаните, работи за фирмите на семејството. Државата тоа е Заев, тој како Луј 14 се поставува над целиот систем и продолжува да го брани Рашковски кој цела држава го виде со рацете во медот, во набавка на милионски софтвери. Заев е тргни застани политичар. Без став и без концепт.

Битиќи вели има, Заев вели нема кризен данок. Кој лаже?

Ваквите несериозни испади на власта како кризни даноци и зголемување на даноците преку воведување на прогресивен данок го загрижуваат секој сериозен инвеститор, кои ќе почнат да се иселуваат, а нови нема да доаѓаат. Ќе останат само фабриките со марихуана на семејството Заеви – велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, со политиките на високи даноци и економска неписменост Заев е на пат да го остави народот без работа и леб.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk