logo
logo
logo

Маричиќ: Св. Климент Охридски е безвременски синоним на македонската духовност, писменост и идентитет

Vecer | 08.12.2022

Маричиќ: Св. Климент Охридски е безвременски синоним на македонската духовност, писменост и идентитет

Денешниот државен и верски празник Св. Климент Охридски е безвременски синоним на македонската духовност, писменост и идентитет. Чествувањето на Св. Климент Охридски, големиот просветител и духовник, нема само национална димензија. Универзалната големина на неговото дело е од суштинска важност за севкупната европска култура, напиша на Фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Неговата мисија, како што поосчи Маричиќ, е наша водилка за уште поголеми достигнувања и промовирање на општо цивилизациските вредности за заедничко почитување, помагање и разбирање помеѓу сите народи.
-Наша должност е да го почитуваме и достојно да го продолжиме делото и мисијата на Св. Климент Охридски, грижејќи се и унапредувајќи ја просветната и духовната дејност. Вечен нека е неговиот спомен, а неговото дело аманет за идните генерации во градењето демократско, толерантно и европско општество за сите, истакна Маричиќ.
 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk