logo
logo
logo

Маричиќ: Од Будимпешта добивме информација дека НЕМА ДА ГО ЕКСТРАДИРААТ ГРУЕВСКИ

Vecer | 24.09.2021

Маричиќ: Од Будимпешта добивме информација дека НЕМА ДА ГО ЕКСТРАДИРААТ ГРУЕВСКИ

Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во „Студио 10“, ја коментираше екстрадицијата и притоа напомена дека нашата земја има основа да побара од Унгарија екстрадиција на експремиерот Никола Груевски.

-За него има основа да го бараме. Од Будимпешта добиваме информација дека не планираат да го екстрадираат сега за сега затоа што има политички азил од унгарската влада, кажа министерот за правда.

Маричиќ зборуваше и за пописот и смета дека до крајот на следната недела успешно ќе финишира попишувањето на населението. Според него, добро е што апелите за бојкот не наидоа на поддршка кај граѓаните, кои се свесни за значењето на оваа голема статистичка операција.

– Задоволени сме што пописот тече успешно. Досега 1.400.000 граѓани се попишаа. Сигурен сум дека до крајот на идната недела кога завршува пописот ќе имаме покомплетна бројка. Имаме потоа неколку месеци за сумирање на резултатите. Овој попис се прави по методологија на Евростат, подготвуван е многу долго и се спроведува по 20 години. Ова е натпартиска операција и навистина жалам што некои помали политички партии место да го поддржат, решија да собираат политички поени на пописот, но на крајот убеден дека сите ќе бидеме задоволни од тоа како го изведовме пописот, рече Маричиќ во своето гостување на ТВ24.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk