logo
logo
logo

Маричиќ: 2030 е реално време за исполнување на обврските кон ЕУ

Vecer | 24.11.2022

Маричиќ: 2030 е реално време за исполнување на обврските кон ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на својот Фејсбук профил објави дека 2030 е реално време за спроведување на демократските реформи, одржлив напредок на земјата и постепено вклучување на единствениот пазар на ЕУ. Маричиќ вели дека убава вест доаѓа од Европскиот парламент, кој денеска го усвои Извештајот подготвен од европратеникот на социјалдемократската партија (S&D), Тонино Пицула.
-Планот за новата стратегија за проширување има јасен рок: пристапните преговори треба да завршат до крајот на 2030 година. Проширувањето била и мора да остане една од најуспешните политики на ЕУ, но сега неопходно е да се активира со цел ЕУ да го зачува својот кредибилитет и да остане геополитички играч, пишува вицепремиерот Маричиќ.
Во овој Извештај се наведува и дека усогласувањето со заедничката надворешна политика на ЕУ е услов да се остане на европскиот пат. Како што наведуваат од Секретаријатот за европски прашања, меѓу главните заклучоци од Извештајот се: Нема алтернативи за замена на проширувањето на ЕУ; Јасни рокови: пристапните преговори треба да завршат до крајот на 2030 година; Гласање со квалификувано мнозинство во областите релевантни за процесот на пристапување, освен конечната одлука, за подобрување на одлучувањето за да избегнеме билатерални спорови како алатка за блокирање; Финансирањето на ЕУ и неговите опипливи резултати мора да бидат повидливи во земјите на проширување; Наградување на земјите-кандидати кога тие ќе постигнат одржлив напредок, вклучително и со нивно постепено вклучување на единствениот пазар на ЕУ и реагирање на регресија или постојан недостаток на напредок во реално време…

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk