МАНУ реагирала до Владата дека Преспанскиот договор не е правосилен без потпис од Претседателот (ВИДЕО)

МАНУ реагирала до Владата дека Преспанскиот договор не е правосилен без потпис од Претседателот и негова објава во Службен весник. Првиот човек на Академијата денеска за Алфа изјави дека академиците и правните експерти побарале да се завршат сите законски обврски – но дали биле спроведени, и зошто власта – ова свесно или не го тргнала на страна – не им е јасно.

– Треба да ги прашате правниците и луѓето во Собранието. Законите се јасни. Ние во Академијата тоа го споменавме кога разговаравме со луѓето од Владата дека тоа треба да се направи и тоа е законска обврска . Но дали е направено и ако не е направено, зошто не е, не ми е јасно, кажа Таки Фити.

Зошто се продолжува со уставните измени ако документот формално правно не постои, професор Камбовски вели дека уставните амандмани можеле да се иницираат независно дали основа за тоа бил Меѓународен документ. Иако и тој се согласува дека ова е формално правна пречка за имплементација на Преспанскиот договор.

- Потребата за да извршиме такви уставни измени е еднакво идентитична со потребата да се склучат такви договори со нашите соседи. Оттука јас би ги раздвоил тие две прашања. Тоа што формално е ставено како услов во самиот договор за ратификација на договорот и изведба до крај не мора да се толкува во една или друга смисла на легитимноста на иницијативата, вели Академик Владо Камбовски.

Но дали е правосилен ?

Договорот предвидува таква законска обврска.

Македонската Академија на науките и уметностите, планира откако ќе биде подготвен текстот на уставните амандмани да свика конференција во Академијата во која ќе бидат вклучени професори и експерти по Уставно право и да се разговара за сите правни аспекти кои ги опфаќаат промените на Уставот.

Извор: Алфа

Поврзани

Најнови вести

Коментари