logo
logo
logo

МАН: Владата да обезбеди примарна вакцинација и за медиумските работници

Vecer | 14.02.2021

МАН: Владата да обезбеди примарна вакцинација и за медиумските работници

Македонската асоцијација на новинари МАН бара од владата да се обезбеди примарна вакцинација за медиумските работници кои секојдневно се максимално изложени на ризикот од зараза со корона-вирусот паралелно со вакцинацијата на медицинските лица и најзагрозената категорија на стари лица и изменоштени лица.

- Поради карактерот на извршување на работните обврски, новинарите – репортери, снимателите, фоторепортерите се секојдневно изложени на ризикот од зараза со корона-вирусот. Затоа е неопходно да се изврши нивна имунизација заедно со примарните групи предвидени за вакцинација.

Македонската асоцијација на новинари МАН е подготвена да излезе во пресрет на владата обезбедувајќи листа на членови (медиумски работници) за кои е потребна итна имунизација.

Истовремено, МАН ги повикува своите членови кои сакаат да се вакцинираат против корона-вирусот да се пријават на официјалната емаил адреса на Македонската асоцијација на новинари ([email protected]) за полесна организација на самиот процес, повикаа од МАН.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk